Белград домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2025 година!?

Белград може да биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2025 година, пишува српски „Курир“. Во текстот стои дека десетгодишниот план на УЕФА предвидува во овој регион да биде организирано финале во Лигата на шампионите. Белград планира да влезе во трка за домаќинство и тоа би било на Националниот стадион, чија изградба треба да започне на крајот од оваа година.

„Големи се шансите најважниот клупски фудбалски меч на светот да се игра во Србија. Белград ќе конкурира за домаќинство на финалето во Лигата на шампионите за 2025 година“, стои во текстот на „Курир“.

УЕФА во 2012 година му додели на Букурешт да биде домаќин на финалето во Лигата на Европа помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Пред две години, нашиот главен град, Скопје, беше домаќин на Суперкупот на Европа на мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Белград има план пред крајот на оваа година да ја започне изградбата на Националниот стадион. Главниот град на Србија веќе еднаш бил домаќин на ваков настан. Во далечната 1973 година на „Маракана“ во Белград се одигра финалето во тогашниот Куп на Европски шампиони помеќу Ајакс и Јувентус. Холандскиот гигант победи минимално со 1-0 со голот на Џони Реп уште во четвртата минута од мечот и стигна до тогаш третата европска круна.

 

- Оглас -

Најнови вести