Финалистите од 2022 година ќе играат меѓу себе во четвртфиналето на Купот на Македонија

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа одредени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија кое ќе се игра на осми ноември со почеток од 13 часот.

Најинтересен ќе биде дуелот меѓу бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров и Силекс, кој ќе се игра во Скопје.

И двата тима имаат по три триумфа во Купот, а интересно е што овие две екипи играа во финалето во 2022 година и тогаш славеше Македонија Ѓорче Петров по подобро изведување на пенали.

Третиот тим кој во своите витрини има трофеј од Купот, Работнички (има четири триумфи), во четвртфиналето ќе игра против Шкупи.

Во останатите два дуела ќе играат Брегалница – Воска Спорт и Тиквеш – Брера Струмица, која исто така има еден триумф во Купот.

- Оглас -

Најнови вести