Финално шоу во најефикасната топ 5 лига, денеска сите тимови од Бундеслигата дадоа гол!

Денешните девет натпревари од последното 34-то коло во германската Бундеслига, завршија со голови на двете страни. Публиката уживаше во голеади, а најголема радост имаше во Штутгарт, каде што Швабите со гол во 92-ра минута обезбедија опстанок.

Германското првенство сезонава беше супер ефикасно, а на таков начин и се заврши.  Заминувањето на Ерлинг Халанд, а речиси сигурно и на Роберт Левандовски, може да придонесе во следната сезона да нема толку голови, но однапред ништо не се знае. Факт е дека тие што денеска типуваа на ГГ на бундеслигашките мечеви, сега тријат раце.

- Оглас -

Најнови вести