Финансиската немоќ ја „уби“ Барса, Депај на пат кон Торино?

Повеќе холандски медиуми тврдат дека Мемфис Депај сега е поблиску до потпис со Јувентус отколку со Барселона откако Бјаконерите му понудиле повисока плата на репрезентативецот на Лалињата.

Депај додека го чека настапот на ЕП, каде што ќе се соочи и со Македонија во третото коло од групите, мора да донесе одлука околу својата иднина по истекувањето на неговиот договор со Лион. Се чини дека Депај ќе го следи примерот на неговиот сонародник Џини Вајналдум, кој беше на прагот да потпише со Каталонците, но ПСЖ буквално го украде во последен момент привлекувајќи го со значително побогат договор.

Понудата на Бјанконерите е за три милиони евра поголема од онаа на Барса на годишно ниво, сума која може да го натера Депај да се премисли и да ги откачи Каталонците за да се пресели во Торино.

Финансиската немоќ на Барселона го остави Куман без посакуваните засилувања кои ги бараше уште минатата сезона. Засега Каталонците се засилија со Агуеро и Гарсија од Манчестер сити, па останува да се види кои се следните чекори на клубот од „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести