Македонија кончено даде гол по три меча и над 400 минути, но не успеа да ја победи Финска во пријателски меч и да ја сопре серијата од четири меча без победа.
Македонија имаше свои шанси, промашуваа и Елмас и Несторовски, а топката како да не сакаше да влезе во голот, па до 75-тата минута гостите водеа.
Сигурен реализатор беше Енис Барди за реми 1:1. Во финишот имаше уште возбудувања во отворен меч, па промашуваа и двете селекции, а Финците ја погодија и стативата, вторпат на мечот што заврши нерешено со по едн гол во двете мрежи.
Следен пријатески меч ќе играме со Азербејџан, исто така во Скопје за три дена од 14 часот.