Македонија повторно се мачи – по првиот дел губи од Финска со 0:1 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација губи со 0:1 на полувреме од Финска, во пријателски меч на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Гостите до водство стигнаа во 37-мата минута, по една одлично одиграна акција по која Оливер Антман излезе сам пред голманот Столе Димитриевски и потоа елегантно ја потурна топката покрај немоќниот чувар на македонската мрежа.

Македонија статистички повеќе ја имаше топката во своите нозе, но уште еднаш се потврди дека недостасува добра завршница. Илија Несторовски ги имаше двете најдобри шанси за Македонија во првото полувреме.

Прво при резултат 0:0 шутираше од 10-тина метри, но голманот на Финска успеа да одбрани.

По примениот гол, Несторовски имаше уште една шанса во 45-тата минута, но повторно гостинскиот голман беше поуспешен. И Елиф Елмас имаше добар шут, но и неговиот удар беше одбранет.

 

- Оглас -

Најнови вести