Финска ја запре Русија на нула и се пласираше во финалето на СП во хокеј (Видео)

Русија е шокирана во полуфиналето на Светското првенство во хокеј на мраз, не толку со поразот од Финска, колку од фактот што „црвената машина“ не успеа за 60 минути да постигне ниту еден гол. На патот до полуфиналето, Русите со ефикасна игра го газеа сите противници кои им се најдоа на патот, но денеска се поразени со 0-1, и останаа без посакуваното злато.

Во составот на Русија има хокеари кои заедно имаат дури 6.358 одиграни мечеви во најсилната лига на светот НХЛ, а во финскиот состав сите заедно имаат само 122 меча во НХЛ. Но, и оваа драстична разлика не значеше ништо на мразот и финскиот тим во кој доминираат играчи од европските лиги, успеаја да се одбранат и да не примат гол.

Марко Антила во средината на третата третина беше стрелец на единствениот гол во првото полуфинале. Во второто полуфинале на СП во Словачка, од 19.15 часот, играат Канада и Чешка.

Погледнете го голот на Антила:

- Оглас -

Најнови вести