Финска на чекор од првата олимписка титула во својата историја

Финска е првиот финалист на машкиот олимписки турнир на ЗОИ во Пекинг. Во првото полуфинале, Финците ја победија Словачка со 2-0 со голови во првата и последната третина (овој гол падна во самиот финиш, на празен гол, кога Словаците тргнаа на сè или ништо).

Финска во финалето, ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Шведска и тимот на Рускиот олимписки комитет. Овој двобој почнува во 14.10 часот.

За Финска ова ќе биде трето финале и прилика за првпат да станат олимписки шампиони. Покрај двете сребра, имаат и четири бронзи. Последен пат во финале играа пред 16 години во Торино, кога во финалето беа совладани од Шведска со 2-3.

Словачка во 2010 во Ванкувер беше четврта, сега ќе има втора шанса да го освои првиот медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести