Финците нѐ фалат: Македонија внесе свежина во европскиот фудбал

Финска очекува добар тест-натпревар против Македонија утре во Скопје од 18 часот, а тамошните медиуми со фина доза на комплименти ја фалат нашата репрезентација.

„Имаме убав предизвик против репрезентација што внесе свежина во европскиот фудбал. За кус период ја победија Германија на гости, па играа на Европското првенство, потоа ја нокаутираа и Италија и елиминираа таков гигант во битката за настап на Светското првенство во Катар. Тоа се резулати за почит“, велат Финците.

Тие веќе се во Скопје и тренираа на комплексот игралишта на ФФМ за мечот што ќе се игра утре на Арената „Тодор Проески“.

Последниот меѓусебен меч со Финците исто така ни беше пријателски, во Анталија во 2018 година, и заврши без голови, а вкупниот биланс е поповолен за нив и имаат 3 победи и еден пораз.

Утре против нас нема да им игра првата ѕвезда Тему Пуки, па во негово отсуство најпознато име им е голманот на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки.  

 

- Оглас -

Најнови вести