Прва ѕвезда на Финците е голманот што го одбрани најконтроверзниот пенал во 2022 година

Голманот на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, е првата ѕвезда на финската репрезентација во отсуство на Тему Пуки, кој нема да игра против Македонија, задутре во Скопје од 18 часот.

Пуки доби одмор од селекторот Марку Канерва, па сега најпознат репрезентативец им е Храдецки.

Тој е голманот што го одбрани најконтроверзниот пенал сезонава и го елиминира Атлетико Мадрид.

При резултат 2:2 во Мадрид во претпоследното коло во фазата по групи, судијата Клерман Турпан досуди пенал за домаќините, иако претходно свирна крај.

Прими сигнал од ВАР-собата дека има пенал за Атлетико и го досуди и по мечот, па Јаник Караско имаше шанса да му донесе победа на шпанскиот тим.

Сепак, Храдецки му го одбрани пеналот, му донесе голем бод на Баер, кој се покажа како доволен германскиот тим да заврши на третото место и да продолжи во Лигата на Европа, а Атлетико испадна како последен во групата.

Храдецки бранеше за Финска против Македонија на подготовките во Анталија пред четири години и тогаш мечот заврши без голови.

Тоа е и единственото реми меѓу Македонија и Финска, а ривалот има предност со 3 победи и еден пораз во меѓусебните натпревари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести