Фиорентина му го врати долгот на италијанскиот хит

Фиорентина успеа да и се реваншира на Аталанта за ланската елиминација во полуфиналето на италијанскиот куп и со победа од 2:1 се проби во четвртфиналето на истото натпреварување.

Виолетовите притоа направија и подвиг и го постигнаа победничкиот гол со играч помалку на теренот и во моменти кога гостите од Бергамо апсолутно доминираа.

Пол Лирола донесе многу радост на „Артемио Франки“ со победнички гол во 84. минута. Од 70. домаќините играа со десет играч, откако беше исклучен Пецела.

Претходно Патрик Кутроне во 11. минута им донесе предност на домаќините со првиот гол во дресот на Фиорентина. Иличиќ израмни во 67. минута во екот на комплетната офанзива на Аталанта.

Гостите промашија неколку чисти шанси и казната стаса во 84. минута, кога Лирола на асистенција на Пулгар погоди за победа на Фиорентина од 2:1.

Следен противник на Фиорентина е Интер, а повторно се игра еден меч за пласман во полуфиналето на купот.

- Оглас -

Најнови вести