Фиорентина не издржа со девет играчи да го освои Торино (видео)

Фиорентина беше блиску до сензационална победа со девет играчи на гостувањето кај Торино, меѓутоа Андреа Белоти ги спаси Биковите со израмнувачкиот погодок за конечни 1-1 во 88-та минута.

Франк Рибери на половина час до крајот од мечот реализира прекрасен погодок на кој ѝ претходеше уште подобра акција на гостите, во ситуација кога Фиорентина беше со  10 фудбалери на теренот на Кастровили. Французинот искусно го насамари противничкиот голман и ја круниса добрата акција на екипата на Прандели за свој прв овосезонски погодок.

Голот на Рибери можете да го видите на следниот ЛИНК.

Само пет минути по водечкиот гол, гостите останаа без уште еден играч откако и Миленковиќ заработи директно исклучување, што дополнително ѝ ја отежни работата на Фиорентина да ги освои бодовите. Во клучните моменти гостите не издржаа, па така тимот на Прандели мораше да се задоволи со бод.

Фиорентина со 22 бода останува на 12-тото место на табелата во Серија А, додека Торино со 15 бода стои над зоната за испаѓање.

 

 

- Оглас -

Најнови вести