Фиорентина почна да крева раце – Голгетерот ги одбива и со понуда за најголема плата во историјата на клубот

Душан Влаховиќ не сака да остане во Фиорентина, а во клубот веќе полека почнаа да креваат раце од обидот да го задржат најдобриот стрелец во Серија А.

Фиорентина му понуди на српскиот голгетер 40 милиони евра за договор на пет години, што би значело дека Влаховиќ би имал годишна плата од 8 милиони евра, или десет пати повеќе од сегашните 800 илјади евра.

Таа понуда е историска за клубот и доколку Влаховиќ попушти, што би било чудо, тој ќе биде најплатениот фудбалер во клупската историја на Фиорентина.

Првиот човек на Виолетовите, Роко Комисо, веќе изјави дека преговорите со 21-годишниот шпиц му одат на нерви и дека нема да понуди повеќе од 40 милиони евра за петгодишен договор.

Влаховиќ, кој е прв стрелец во Калчото со 15 гола, е во фокусот на вниманието на неколку европски гиганти, а Фиорентина би барала околу 70 милиони евра отштета за најдобриот голгетер во Италија во моментов.

 

- Оглас -

Најнови вести