Фиорентина со гол од пенал во 93-тата минута до победа, АЕК е веќе во четвртфиналето (Видео)

Фудбалерите на Фиорентина многу потешко од очекуваното дојдоа до минимална победа од 2-1 над полски Раков во осминафиналето од Конференциската лига. Гостите од Полска во 60-тата минута дојдоа до предност преку Бруне, но „виолетовите“ направија комплетен пресврт преку Ндур во 62-рата и Гудмундсон од пенал во 93-тата минута.

АЕК од Атина веќе може да се подготвува за четвртфиналето, со оглед дека победи со убедливи 0-4 на гостувањето кај словенечки Цеље.

На натпреварите Кристал палас – АЕК Ларнака и Сигма – Мајнц немаше голови, односно и двата меча завршија 0-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести