Фирмино-манија: Ја „легна“ цела одбрана на Арсенал (видео)

Фуриозен старт на дерби пресметката меѓу Ливерпул и Арсенал на „Енфилд“. За само 16 минути се постигнаа три погодоци (2-1), а „црвените“ брзо се разбудија од шокантниот примен гол во 11-тата минута. Младиот Мајтланд-Најлс донесе предност за „топчиите“, а потоа Роберто Фирмино ја презеде работата во свои раце, па за две минути двапати го надмудри Лено.

При израмнувачкиот гол, Бразилецот имаше лесна задача да ја смести топката во голот, додека вториот беше вистинска мајсторија како на мал фудбал. Фирмино ја украде топката на противничката половина, па со со неколку кратки маневри ја „легна“ одбраната на Арсенал и го оствари пресвртот за неговата екипа.

Од средбата измина половина час, а Ливерпул е на добар пат и по овој меч да остане единствениот непоразен тим во Премиер лигата.

https://www.dailymotion.com/video/x6zpl35

 

https://www.dailymotion.com/video/x6zpl5u

 

https://www.dailymotion.com/video/x6zpkyd

- Оглас -

Најнови вести