Македонскиот прволигаш Гостивар се огласи на социјалните мрежи по скандалозното напуштање на теренот на мечот против Работнички, при резултат 1-2, во 85-тата минута.
„Инцидентот што се случи денес не е насочен против нашиот противник Работнички. Нашата реакција е упатена кон судијата на натпреварот, Игор Стојчевски! Овој судија е познат по своето скандалозно судење. Ниту еден тим не го сака.
Во врска со соопштението на ФФМ, секоја реченица од таа изјава ќе биде одговорена ЕДНА ПО ЕДНА. Како што рековме на нашата прес конференција вчера, ние сме чисти, нема тема на која не можеме да одговориме!“, истакнаа од Гостивар.