3.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

ФК Илинден ги „меле“ ривалите, но во следното коло го чека дерби-дуел за врвот

Илинден има шест победи по ред, што е потврда за големите амбиции кои сезонава ги има овој клуб. Оваа убава победничка низа значеше дека Илинден се искачи на првото место на табелата во ОФС Гази Баба, натпреварување што е четврто по ранг во македонскиот фудбал.

Во вчерашното деветто коло, Илинден на свој терен доминираше и убедлио со 5:1 го победи Ускуп 1911. Ова беше и најубедливата победа во деветото коло.

Со оваа победа Илинден сега е лидер на табелата со шест победи и две нерешени. Илинден го има и најдобриот напад во лигата со 32 дадени гола, што е точно четири погодоци на меч во просек. И одбраната на Илинден е на добро ниво и само со осум примени гола е на делба на најдобрата дефанзивна линија во лигата.

Во следното коло Илинден повторно игра на домашен терен, и тоа против Бујковци. Ова ќе биде и дерби на колото затоа што Бујковци е тим кој со 16 бода е на третото место на табелата и сигурно ќе сака да му зададе проблеми на лидерот на табелата.

До крајот на полусезоната остануваат само уште две кола, што значи дека нѐ очекува интересен и неизвесен финиш на првиот дел од сезоната, по што ќе биде познат и „есенскиот шампион“.

- Оглас -

Најнови вести