7.9 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Флечер кратко ќе го води Манчестер јунајтед, а клубот дури налето ќе бара долготраен менаџер

Манчестер јунајтед откако се раздели со Рубен Аморим, ново трајно решение на менаџерската позиција ќе бара дури налето, по завршувањето на сезонава.

Јасно е дека задутре на средбата со Барнли, на клупата во улога на в.д. менаџер ќе биде Дарен Флечер. Но, може да се случи Флечер да го води тимот само на тој меч.

Во меѓувреме, бараат соодветен тренер кој би ја водел екипата до крајот на сезоната, но само дотогаш, а потоа би се разделиле со него и би барале стручњак со кој би потпишале договор на подолг рок.

- Оглас -

Најнови вести