Флипер со чудесен крај – Голман и самиот не знаеше како одбрани пенал (Видео)

Еден од најчудните пенали на сите времиња беше изведен пред шест години, но е многу интересен и секогаш предизвикува внимание.

Брзилската Глорија му беше домаќин на Интернационал во меч од Гаучо шампионатот, кој гостите го имаат освоено во рекорден број, дури 45 пати, и тогаш славеа победа со 3:0.

Можеа и поубедливо ако го погодеа најчудниот пенал, при кој топката ги погоди двете стативи и потоа голманот на Глорија го одбрани одбиениот удар сосема случајно, а воопшто и не беше свесен дека не дозволи да му се тресе мрежата.

Saved a penalty without even noticing from nevertellmetheodds

 

- Оглас -

Најнови вести