Реал Мадрид не само што е најголем фудбалски и спортски клуб на светот, тој е „фабрика за правење пари“, заработува милиони и кога не се играат фудбалски натпревари.
Најдобар доказ за тоа се двата концерти на најпопуларната пејачка на планетата, Тејлор Свифт, кои се одржуваат на стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“.
Влезниците за концертот кој се одржа во средата и тој што ќе се одржи вечерва се продадоа експресно, а цената се движеше од 70 до 700 евра.
За ова најзаслужен е претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, кој во времето кога се реновираше „Сантијаго Бернабеу“, потпиша договор со компаниите „Сикс стритс“ и „Леџендс хоспиталити“, кои се организатори на концерти и разни настани, со кој Реал Мадрид ќе добие 70 отсто од приходите на настаните кои ќе се одржуваат на стадионот на Кралевите.
Според шпанските медиуми, заработката од продадените влезници за двата концерти на Тејлор Свифт на „Сантијаго Бернабеу“ е 13 милиони евра, од кои 9,1 милиони ќе се слеат во касата на Реал Мадрид поради изнајмувањето на стадионот.
Згора на тоа, „Сикс стритс“ и „Леџендс хоспиталити“ при потпишувањето на долгодишниот ексклузивен договор му платија на Реал Мадрид 360 милиони евра, што е уште еден доказ дека Флорентино Перес е генијалец.