Флорентино Перес го најави трансферот на фудбалерот за кој сонуваат сите клубови (Видео)

Додека целиот свет е насочен кон финалето на Лигата на шампионите, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, го шокираше целиот свет со одговорот кој му го даде на еден навивач. Претседателот на “кралскиот“ клуб запрашан дали Килијан Мбапе ќе дојде во Реал Мадрид, одговори: “Да, но не оваа сезона.“

Сето ова беше протолкувано дека следното лето Килијан Мбапе ќе пристигне на “Сантијаго Бернабе“ како слободен фудбалер, бидејќи има само уште една година од договорот со ПСЖ. Во минатото Флорентино Перес беше подготвен да плати неверојатни 180 милиони евра за неговите услуги, но понудата експресно беше одбиена од Париз.

- Оглас -

Најнови вести