32.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Флорентино Перес одлучи: Реал Мадрид ќе го продава Родриго со попуст

Бразилскиот интернационалец Родриго не е во плановите на Чаби Алонсо за новата сезона, иако фудбалерот минатата сезона постигна неколку одлучувачки голови. Флорентино Перес ја постави цената на 110 милиони евра за продажбата за Бразилецот, што изненади многумина.

Ливерпул, Тотенхем, Арсенал и ПСЖ имаат интерес за купување на фудбалерот, но ниту една екипа од нив не е подготвена да плати 110 милиони евра. Токму затоа Флорентино одлучил да ја намали цената на 90 милиони евра, што веднаш го промени расположението кај Ливерпул и Тотенхем.

Екипата од Северен Лондон е подготвена веднаш да плати 90 милиони евра, но кај Родриго нема расположение да потпише за Тотенхем. И Ливерпул е подготвен да ја плати оваа сума, но само ако го продаде Луис Дијас на Баерн Минхен. Доколку Црвените се одлучат да го ангажираат Бразилецот, тој е подготвен да се пресели во нивните редови.

Сумата од 90 милиони евра е превисока за Арсенал, додека од ПСЖ сè уште нема официјална понуда, ниту се изјасниле колку се подготвени да платат. За Родриго се споменуваше дека има интерес и од Барселона, но таквиот трансфер е „невозможна мисија“, пред сè, поради финансиската состојба на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести