Сензација: Мондо Дуплантис загуби по три години и 40 последователни победи

Големо изненадување се случи на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, каде што пред домашната публика беше прекината неверојатната победничка серија на Арманд Дуплантис.

Популарниот Мондо го доживеа својот прв пораз по речиси три години и серија од 40 последователни победи на официјални натпреварувања. Последен пат шведскиот феномен беше поразен во јули 2023 година на митингот во Монако, кога заврши на четвртото место.

За сензацијата се погрижи Куртис Маршал, освојувач на бронзен медал на последните две Светски првенства.

Австралиецот ја прескокна висината од 5,90 метри во третиот обид, додека Дуплантис реши да ја прескокне таа висина откако претходно без проблеми ја совлада границата од 5,80 метри.

Швеѓанецот потоа се обиде да дојде до победата на 6,00 и 6,05 метри, но во сите три обиди ја собори летвичката и не успеа да го надмине резултатот на Маршал.

Така, Куртис Маршал стигна до една од најголемите победи во својата кариера, додека Дуплантис остана без триумф за првпат по речиси три години доминација во скокот со стап.

- Оглас -

Најнови вести