Флорентино Перес со ултиматум до Мбапе: „Или ЕП или …“

Јавна тајна е дека Килијан Мбапе следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид. Неговиот договор со ПСЖ истеува налето, па како слободен фудбалер ќе се пресели на „Сантијаго Бернабе“.

Флорентино Перес веќе размислува за следната сезона, но посебно за тоа што ќе се случува налето и можните проблеми со кои ќе се соочат сите клубови. Летово се игра Европското првенство, Олимписките игри и Копа Америка, а фудбалерите ќе мора да се одлучат на кое натпреварување ќе настапат.

Од Реал Мадрид им наредиле на фудбалерите дека не може да настапат на две натпреварувања за репрезентацијата, па така и Килијан Мбапе ќе мора да одлучи дали ќе игра за Франција на Европското првенство во Германија или на Олимпијадата во Париз.

Истото важи и за играчите кои ќе играат на Копа Америка, Валверде, Винисиус, Милитао и Родриго. Доколу настапат на Копа Америка, нема да има биде дозволено да играат на Олимписките игри.

- Оглас -

Најнови вести