Флорентино Перес на списокот со желби има дури четворица фудбалери на Челзи

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, пристигна во Лондон на вториот натпревар од четвртфиналето против Челзи. Неговата екипа има предност од 2-0 од првиот натпревар и се очекува само рутински да го потврди пласманот во полуфиналето.

Сепак, се чини дека посетата на Перес во Лондон е за да му зададе уште еден голем удар на Челзи. Челниците на Реал Мадрид во својот список со желби за следната сезона имаат дури четворица фудбалери на Сините од Лондон и оваа посета ќе биде искористена за прелиминарни разговори со раководството на Челзи.

Неофицијално, на списокот со желби на Флорентино Перес се Мејсон Маунт, Рубен Лофтус-Чик, Рајс Џејмс и Матео Ковачиќ.

Останува да го сочекаме почетокот на преодниот рок, кон средината на јуни, и да видиме што ќе биде од ова реализирано.

- Оглас -

Најнови вести