Флуминенсе го освои Суперкупот и докажа дека е најдобар тим во Јужна Америка (Видео)

Бразилски Флуминенсе ја освои Рекопа, јужноамериканската верзија на Суперкупот, и потврди дека во моментов е најдобриот тим на својот континент.

Актуелниот првак на Копа Либертадорес, Флуминенсе, со 2-0 го победи ЛДУ Кито (актуелен првак на Копа Судамерикана) со двата гола на Колумбиецот Џон Аријас и дојде до својот втор меѓународен трофеј во краток период од неколку месеци.

Тренер на Флуминенсе е привремеиот бразилски селектор Педро Динис, а во составот имаат ветерани со големо европско искуство, како Марсело, Фелипе Мело, тука е и Гансо и уште неколку добри бразилски и странски играчи.

Вториот гол на Аријас беше во финишот на средбата од пенал, а ова е првиот гол со којшто беше отворен резултатот и се најави победата на Флу:

- Оглас -

Најнови вести