Чави и Деко го кројат составот на Барселона за следната сезона, еден фудбалер веќе е договорен

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, и спортскиот директор, Деко, веќе го кројат планот за новите засилувања во летниот преоден рок. „Каталонците“ планираат да го освежат ростерот со неколку засилувања, а еден фудбалер веќе е договорен.

Станува збор за фудбалерот од средниот ред на Бетис, Гвидо Родригес, кој на „Камп Ноу“ пристигнува како слободен фудбалер. Репрезентативецот на Аргентина во моментов има вредност од 24 милиони евра, но Барселона го добива бесплатно, со оглед на тоа дека неговиот договор со Бетис истекува на крајот од оваа сезона.

Во планивите на Чави и Деко се и Џошуа Кимих од Баерн Минхен, Амади Онана од Евертон, како и Дани Олмо од Лајпциг. Токму последниов ќе биде и најтешко да се доведе, бидејќи Лајпциг за него бара обесштетување од 60 милиони евра, а Барселона во моментов не може да издвои толку пари од својот скромен буџет за засилувања.

- Оглас -

Најнови вести