Флуминенсе со голови на Џон и Џон, во финале на светско клупско, се чека дуел со Манчестер сити

Бразилски Флуминенсе ќе игра во финалето на Светското клупско првенство, откако вечерва во првото полуфинале го победи египетски Ал Ахли со 2-0.

Африканскиот првак имаше повеќе шутеви на гол, но не ги реализираше своите шанси, му дозволија на 40-годишниот голман Фабио да покаже дека е одличен чувар на мрежа. Клучен придонес за победата на првакот на Јужна Америка имаше и еден друг ветеран, славниот лев бек Марсело.

Некогашниот капитен на Реал Мадрид во 71-ва минута изнуди пенал, по што Џон Аријас од белата точка погоди за 1-0. Сите дилеми околу победникот го разреши Џон Кенеди, кој беше стрелец на победничкиот гол и во финалето на Копа Либертадорес.

Во другото полуфинале, утре играат Манчестер сити како шампион на Европа и јапонскиот тим Урава редс.

- Оглас -

Најнови вести