Форбс објави: Роналдо е институција, само од Најк ќе заработи 870 милиони евра

Нема зима за Кристијано Роналдо, кога се во прашање парите, а како што објави Форбс, само од договорот со познатиот производител на спортска опрема Најк ќе заработи фантастични 870 милиони евра.

Двете страни соработуваат од 2003 година и пред три години потпишаа таканаречен доживотен договор за соработка. Само тројца спортисти на светот имаат такви договори со Најк, а покрај Роналдо во трилингот гиганти се и Мајл Џордан и Леброн Џејмс.

Португалецот заработува одлично и во Јувентус, годишната плата му е околу 30 милиони евра, но има уште толку од останатите спонзори, не сметајќи го гигантскиот договор со Најк.

Еве ја листата на светски брендови кои имаат договор со Роналдо:

Кастрол – 16 милиони евра за двегодишен договор

ЗТЕ – 4.5 милиони евра за една година

Емпорио Армани – 4.2 милиони евра за четири години

Хербалајф – 2.2 милиони евра  за пет години

КФЦ – 1.9 милиони евра за тригодишен аранжман

Клиер – 1.7 милиони евра за една година

Панцер глас – 870 илјади евра за една година

Американ Туристер – 350 илјади евра за една година

Еџипшн стил & ЕА Спортс – сумата не е објавена

- Оглас -

Најнови вести