Формата ја одржував туркајќи се со крави во рекетот

Стив Адамс изминатиов период беше во родниот Нов Зеланд каде што чекаше да се одреди датумот за рестарт на сезоната во НБА лигата.

Центарот на Оклахома сити тандер одреден дел од паузата ја поминал дружејќи се со пријатели и работа на фарма, а формата ја одржувал така што вежбал со крави. Типично за центар е да се најде во физички битки под обрачите и често да се турка со противници во обид да се освои посед на топка, па така Адамс со хит изјава за „И-ес-пи-ен“ откри на каков начин вежбал издржливост.

„Паузата ја искористив за дружба со пријателите и работа на фарма, додека формата ја одржував така што се градев со крави во рекетот“, во шега истакна Адамс.

Наскоро Адамс ќе се врати на паркетите, НБА лигата продолжува на 30 јули, додека Оклахома на 1 август тргнува во натпреварувачки погон против Јута џез.

- Оглас -

Најнови вести