Моќна порака со куса содржина испратија фудбалерите на сите екипи што вечерва играа натпревари во Европа Лигата, со која им се заблагодарија на здравствените работници за напорот да се справат со пандемијата со Ковид-19.
На својот матичен јазик фудбалерите имаа порака на дресовите над клупскиот симбол, а беше изразена со зборот „Благодариме“.
Вечерва со четири натпревари беше означен рестартот на сезоната во двата престижни европски купови.Се играше само во Европа Лигата и домаќините беа многу поуспешни со четири победи на четири меча.
Познатите се и првите четири екипи што ќе играат во четвртфиналето во ЕЛ, а тоа се Копенхаген, Шахтар, Интер и Манчестер јунајтед.
Утре се играат преостанатите четири натпревари со кои ќе се заврши осминафиналната фаза и ќе се знае октетот на екипи што ќе игра за титулата во завршницата што ќе ја организираат Германците.
Финалето на Европа Лигата е закажано за 21. август во Келн.
Од 7. август ќе продолжи и Лигата на шампионите со реванш дуелите од осминафиналето. Потоа следи завршницата со осумтте најдобри екипи во Португалија, каде ќе се игра и финалето на „Луж“ во Лисабон на 23. август.