Фотографии за кои зборува цела екс Југославија, НБА ѕвездите на едно место (Фото)

Кошаркарите кои настапуваат во НБА лигата, а се од просторите на поранешна Југославија, одлично се сложуваат и се дружат во „меурот“ во Орландо, поточно во комплексот Светот на Дизни од кој не смеат да излезат.

Словенецот Горан Драгиќ објави слика на која напиша „Балкан“. На масата се седнати Марјановиќ, Дончиќ, Јокиќ, Чанчар, Драгиќ и Вучевиќ.

Се претпоставува дека автор на сликата е Јусуф Нуркиќ, кој нешто подоцна беше снимен како се шета со останатите екс-ју асови.

Потоа, сите заедно заминаа во ресторан, а таму „југословенската“ екипа е комплетна, ги има и Нуркиќ, Хезоња и Зубац. Нуркиќ на шега напиша: „Кој смее да ни биде тренер?“, и додаде дека оваа фотографија ја направил неговиот тренер од Портланд, Тери Стотс.

- Оглас -

Најнови вести