Екипата на Фрајбург славеше во дербито против Баер Леверкузен со 2:1.
Во најинтересниот меч за ова 17-то коло од Бундеслигата, домаќините дојдоа до важни три бода со кои што ја истакнаа кандидатурата за пласман во топ 4 и настап во Лигата на шампионите наредната сезона.
Виченцо Грифо од пенал го донесе водството за Фрајбург во 33-та, додека израмнувањето дојде во 45-та минута преку Арангуиз.
Конечниот резултат го постави Кевин Шаде во 84-та минута со што донесе голема радост кај домаќините.
Со оваа победа, Фрајбург сега е на треттото место со 29 бода, односно еден повеќе токму од Баер Леверкузен.