Франција редовно ги победува Лалињата, а сега со новиот капитен Мбапе ќе се обиде да ја продолжи доминацијата

6860 Србија – Литванија (20.45 часот)

Србија е апсолутен фаворит во дуелот со Литванија и сè освен победа, ќе претставува големо изненадување. Досега Србија и Литванија одиграле шест меѓусебни дуели и нашиот северен сосед славел на пет, а Литванците имаат еден триумф. Србија трипати играла во Белград против Литванија и трипати славела убедливо (4:1,4:1,3:0), па во квалификациите за ЕП 2024 влегува со големи амбиции и е главен фаворит за освојување на првото место во групата Г.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

6860 Шведска – Белгија (20.45 часот)

Во селекцијата на Шведска се враќа Златан Ибрахимовиќ, кој покажува дека и со 41 година може да игра на врвно ниво и ќе се обиде Трите круни да ги врати на големите натпреварувања. Шведска не беше дел од СП во Катар што се одржа минатата година, додека нејзиниот противник претставуваше едно од најголемите разочарувања на Мундијалот.

Во последните 20-тина години, овие две репрезентации одиграле само три натпревари меѓу себе, двапати на Европските првенства и еднаш играле пријателски дуел и на сите биле постигнати голови.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

6862 Австрија – Азербејџан (20.45 часот)

Австрија се наоѓа во група со Белгија и Шведска и ќе мора да освојува бодови против останатите репрезентации доколку сака да се надева на освојување на едно од првите две места на табелата кои носат пласман на ЕП 2024.

Прв противник им е Азербејџан и се очекува Австријците во Линц да тргнат офанзивно од првата минута. Традицијата е на нивна страна, досега одиграле четири натпревари, и на три славеле (4:1,3:0,2:0), а еднаш одиграле без голови.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.15)

 

6864 Франција – Холандија (20.45 часот)

Дербито на вечерта ќе се игра на стадионот „Франција“, каде што Галските петли ќе ја пречекаат Холандија. На овој натпревар, Килијан Мбапе за првпат ќе биде во улога на капитен на Франција, додека на клупата на Холандија се врати Роланд Куман откако Луис ван Хал се повлече по СП во Катар. На последните шест меѓусебни натпревари, Франција славеше на дури пет.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.20)

 

6865 Чешка – Полска (20.45 часот)

Чешка не настапи во Катар, додека Полска успеа да ја мине групната фаза, а Роберт Левандовски конечно да постигне гол на Светските првенства.

Овие две репрезентации се апсолутни фаворити за првото место во групата Е во конкуренција на Молдавија, Албанија и Фарски Острови и меѓусебните дуели се очекува да одлучуваат за првото место. Меѓусебните дуели најчесто завршуваат со два до три гола, а последниот дуел го одиграа речиси пред пет години и заврши со минимален триумф на Чешка.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.18)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести