Францускиот атлетичар, Ентони Амират, немаше некој позначаен успех во дисциплината скок со стап, откако прескокна само 5.70, што не беше доволно за пласман во големото финале на Летните олимписки игри во Париз.
Сепак, овој натпреварувач доживеа светска слава откако беше споделено видеото за причината зошто не успеа да прескокне повеќе. На снимката може да се забележи дека тој ја руши летвичката со половиот орган, а тоа беше причина да добие неверојатна понуда од еден сајт за возрасни.
„Да одлучувам јас, би те наградил за она што сите го видоа – твојот ‘талент“ под појасот. Како љубител на активности насочени кон меѓуножјето, ти нудам 250.000 долари за 60 минути снимка. Твое е само да ги покажеш твоите атрибути.“ – порача Дарин Паркер, сопственик на сајт за возрасни.
https://twitter.com/Glodyswotcher/status/1819673693897031898?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1819673693897031898%7Ctwgr%5E61187731f93c5e0f60507ba2ab9b34db04bc2b97%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fmagazin%2Fanthony-ammirati-ponuda%2F479545
Од атлетичарот нема одговор на оваа непристојна понуда, но затоа Амирал се осврна само на својот настап и изрази разочарување од слабиот резултат.
„Малку сум разочаран. Ми недостасуваше тренинг, технички. Бев 100% физички подготвен, меѓутоа не скокав многу. Бев аутсајдер секако. Мило ми е што можам да ги забавувам луѓето. Можеби е ова почеток на нешто неверојатно.“ – рече францускиот атлетичар.