Француски медиум објави „бомба“ за Мбапе, мораше и мајка му да испрати соопштение

Килијан Мбапе се согласил да остане во Пари Сен Жермен, и треба да потпише двегодишен договор со кој би земал годишна плата од дури 50 милиони евра, а уште 100 милиони би добил само за потписот.

Ова го објави „Ле Паризиен“ и многумина поверуваа дека е вистина, и ја пренесоа информацијата. Бидејќи речиси и да нема спортски медиум кој не напиша за ова, реагираше мајката на Мбапе со соопштение и негираше било каков договор.

„Нема никаков пред договор со ПСЖ, ниту со било кој друг клуб. Разговорите околу иднината на Килијан продолжуваат во спокојство, за да може тој да го направи најдобриот можен избор, со почит кон сите страни“ – порача мајката Фајза Ламари, која е и агент на 23-годишниот Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести