Киву: Велеа дека ќе бидеме на осмото место и Интер ќе ме избрка за неколку кола

Тренерот на Интер, Кристиjан Киву, одржа остар говор на прес-конференцијата пред натпреварот со Каљари од 33-тото коло на Серија А. Неговиот тим е лидер на табелата со 75 бода, со девет повеќе од второпласираниот Наполи.

Киву беше прашан за иронијата кон Алегри од минатата недела. Тогаш романскиот тренер изјави:

„Скудето? Ќе направам како моите колеги кои зборуваат за Лигата на шампионите и ние ќе се приближе кон нашата цел.“

„Ако не ја разбираме иронијата, тогаш треба да правиме нешто друго. Многу работи се сфаќаат премногу сериозно. Тоа беше шега. Секогаш се зборувало за пласман во Лигата на шампионите. Не сум измислил ништо. Го кажав со насмевка. Некој го сфати премногу сериозно. Фудбалот е игра, треба така и да го гледаме“, објасни Киву.

„Можам да бидам сè, но не сум глупав. Се адаптирав. Очекувањата се променија. Велeа дека сум неискусен тренер, дека ќе завршиме на осмото место, дека ќе ме отпуштат по неколку кола и правеа списоци кој ќе ме замени. А ние продолживме напред благодарение на група луѓе и играчи со амбиција да бидат конкурентни“, изјави тренерот на Интер.

„Постепено работите се променија. Сè започна по натпреварот со Јувентус. Тогаш почна медиумскиот напад и врз Интер и врз еден наш играч. Тогаш наративот се смени. Никогаш не сум бил конфликтен, никогаш не сум се криел зад маска. Секогаш сум се трудел да не зборувам за судии и да одржам рамнотежа. Ако некому не му се допаѓа тоа што го кажувам, дури и ако сум конзистентен, тоа не е мој проблем“, додаде Романецот.

- Оглас -

Најнови вести