Французите демонстрираа моќ, Холандија повеќе од 100 години не била во ваква ситуација!

Франција води со 3-0 по првото полувреме на дербито против Холандија од квалификациите за ЕВРО 2024, а трите гола паднаа во првите 21 минути.

Првиот гол го даде Гризман по додавање од Мбапе, зголеми Упамекано на асистенција на Гризман, а третиот гол го постигна Мбапе кој ја искористи лошата одбрана на гостите и убавата асистенција на Чуамени. За Мбапе ова е 38-ми гол во дресот на националниот тим со што е петти на вечната листа на стрелци.

Лалињата претходен пат примиле три гола во првите 21 минути од еден меч уште во далечната 1919 година, а Франција пред 70 години претходен пат имаше плус од три гола разлика на еден меч.

Блиц криг имаше и Чешка која после само три минути поведе со 2-0 против Полска, а води и Белгија која има 1-0 против Шведска кај која Ибрахимовиќ е резерва.

- Оглас -

Најнови вести