28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Французите ги одредија датумите

Фудбалските љубители во овој период како опција за следење на најважната споредна работа во светот имаат мал избор. Фудбал се игра само во Таџикистан, Белорусија, Туркменистан, Никарагва и Бурунди. Тоа се првенства за кои во нормални услови речиси и да нема интерес надвор од границите на тие земји, но во време на пандемија ситуацијата е поинаква.

Сите се прашуваат кога повторно ќе има фудбал од Топ 5 лигите во Европа, а Французите одредија датуми. Според најавите, актуелната сезона во француското првенство би требало да заврши најдоцна до 25 јули, а помалку од еден месец подоцна, односно на 23 август треба да стартува и новата сезона.

Едни од најзасегнатите страни во целиот овој хаос се телевизиските куќи, кои очекуваат продолжување на сезоната и повторни ТВ преноси. Телевизиската куќа „Медиа про“ има договор до 2024 година и по сезона плаќа 780 милиони евра. И Канал Плус на годишно ниво издвојува значителна сума пари, односно по 330 милиони евра за преност на мечевите од првата француска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести