Французите не можат да се помират со поразот: Го исвиркаа голманот кој го освои трофејот „Јашин“ (Видео)

Можеби малку изненадувачки, но сосема заслужено признанието „Јашин“ за најдобар голман замина во рацете на чуварот на мрежата на репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинес. Тој со својата одбрана во последните секунди против Франција на Светското првенство во Катар ја спаси својата екипа од пораз, а со тоа и губење на трофејот, кој подоцна го освоија на пенали.

Публиката во салата каде што се доделуваа трофеите не може да му го „прости“ ова на аргентинскиот голман и го исвирка кога ја доби наградата и кога во заднина се покажуваше одбраната на ударот на Коло Муани, која веројатно беше одлучувачка за да го добие ова ласкаво признание.

Водителот на манисфестацијата, славниот Дидие Дрогба, беше принуден да реагира и да ја замоли публиката да ги почитува спортистите и сето она што тие го направиле за своите екипи, односно репрезентациите.

https://twitter.com/centregoals/status/1719091506038944135?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1719091506038944135%7Ctwgr%5Ed47b5d4ddfd45a6db305d5cb7b9e4ddf5893e5e9%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Femiliano-martinez-didier-drogba-zlatna-lopta%2F461729

- Оглас -

Најнови вести