Фудбал без публика – И Интер и Хетафе ќе играат без гледачи во ЛЕ

Коронавирусот сее страв во Европа и веќе донесе многу поместувања во многу првенства во светот, а донесе многу турбуленции и во двете најквалитетни европски клупски натпреварувања, Лигата на шампионите и Европа Лигата.

По информацијата дека на „Месталја“ Валенсија ќе го игра реваншот со Аталанта во ЛШ без присуство на публика, сега донесена е одлука уште еднаш шпанско-италијанска пресметка, но во Европа Лигата ќе се игра пред празни трибини.

Интер и Хетафе ќе бијат битка за четвртфинала во двомеч што ќе биде без присуство на навивачите на двата тима. Ваква одлука донесе УЕФА, поради ситуацијата со коронавирусот, пред се во Италија.

Двата дуели се закажани за 12. март во Милано и на 19. март во Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести