Фудбалер на Анже ја гледал сосетката од приземје и се самозадоволувал!

Фарид ел Мелали, офанзивниот играч од средниот ред на францускиот Анже, бил приведен поради сексуален егзибиционизам. Алжирецот кој има 22 години бил виден како мастурбира во дворот на станбениот блок од згради додека низ прозорец гледал во една жена која живеела на приземје.

Локалната полиција и клубот ја потврдија веста за апсењето, но не коментираа. Инцидентот се случил во понеделникот вечерта околу 22.50 часот. Фудбалерот бил пријавен од соседи, кои биле сведоци на манијачкото однесување на Ел Мелали. Интересно е што ова не му е првпат да го обвинат за вакво дело, и минатиот месец имал сличен проблем, но тогаш не бил идентификуван. Адвокатката која го брани вели дека тој не „таргетирал“ никого и не бил агресивен кон никого, а сосетката не го ни видела.

Ел Мелали во Анже дојде летото 2018 година и се мачи со бројни повреди, па затоа само четири пати беше стартер, но во тие мечеви даде дури три гола. Само неколку часа пред инцидентот, договорот му беше продолжен до 2023 година.

За мастурбирањето пред прозорецот на комшивката веројатно тој ќе треба да плати парична казна.

- Оглас -

Најнови вести