Францускиот интернационалец Ден Елкајам, член на македонскиот фудбалски клуб од Австралија, Рокдејл Илинден, е еден од 15-те загинати во вчерашниот напад на плажа во Сиднеј.
Според најновите информации, нападот го извршиле татко и син, од кои едниот подоцна бил убиен. Покрај 15-те жртви, уште 42 лица се хоспитализирани. Трагедијата се случила за време на Еврејски фестивал на плажата Бонди.
Веста за смртта на Елкајам ја потврди потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски, кој изјави дека целиот тим е во шок. „Јас сум скршен од болка, мојот син игра во Рокдејл Илинден и двајцата беа одлични пријатели. Ова е трагична загуба и сè уште се обидуваме да се справиме со неа“, рече Тасевски за локалните медиуми.
Елкајам (27 години) играл за Рокдејл Илинден во последните 12 месеци и бил високо ценет од соиграчите, стручниот штаб и управата. Францускиот државјанин живеел во Австралија неколку години и работел како ИТ аналитичар.

