Фудбалер од Хаити побегна од хотел и исчезна во Мексико

Фудбалерот на тимот Аркахаје од Хаити, Вилман Ексум, со соиграчите отпатува во Мексико, каде што имаа реванш-меч од осминафиналето на Лигата на шампионите на Северна и Средна Америка против Круз Азул, но непосредно пред мечот, исчезна. Неофицијално, тој побегнал од хотелот и заминал кај роднини во Мексико и нема намера да се враќа во татковината каде што има голема сиромаштија.

Аркахаје на првиот меч дома против Мексиканците извлече 0-0, а сега шокирани од потегот на Ексум, загубија на реваншот со 0-8.

Ексум, кој има 27 години, реши патувањето во Мексико сити да го искористи за да остане таму и да почне нов живот. Тој дури и најавил дека ќе оди кај некои роднини, но никој не очекувал дека ќе оди да ги посети и веќе да не се врати во хотелот. Од клубот се обидувале да стапат во контакт со него, но неуспешно. Инаку, тимот од Хаити немал пари за патување до Мексико, па авионскиот лет и сместувањето им ги плати КОНКАКАФ.

Во последните две години, над 5.000 лица од Хаити побарале азил во Мексико.

- Оглас -

Најнови вести