Репрезентацијата на Турција со две победи ја испрати Унгарија во дивизијата „Б“ од Лигата на нациите, па по победата од 3-1 на домашен терен, Турците беа уште поубедливи и славеа со 0-3 во Будимпешта.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, беше стрелец на вториот гол на мечот во неделата, па се обиде да го испровоцира Доминик Собослаи. Турчинот му покажа на фудбалерот на Ливерпул да молчи, ставајќи го прсот на устата, но и Собослаи не му остана должен.
По завршувањето на мечот, унгарскиот репрезентативец на социјалните мрежи напиша „1088“ бројки кои ги означуваат минутите кои Ѓулер ги има одиграно оваа сезона за Реал Мадрид.
За разлика од Турчинот, Собослаи за Ливерпул оваа сезона има одиграно 2887 минути, или речиси трипати повеќе.