ПСЖ го победи Баерн Минхен во четвртфиналето на Светското клупско првенство, но мечот ќе остане запаметен по тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала. Донарума интервенираше на една топка, но се судри во фудбалерот на „баварците“, па настанаа мачни сцени на тревникот.
Сепак, напнатоста продолжила и после мечот, барем според тврдењето на поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Рафиња.
„Играчите на Баерн не се лоши губитници, многу добро ги познавам. Беа лути бидејќи сакаа Донарума да се извини, откако сите видоа колку е сериозна повредата. По натпреварот, во соблекувалната се воделе жустри разговори. Играчите на Баерн упаднале во соблекувалната на ПСЖ и бараа од Донарума да се извини, но се размениле и остри зборови. Барале да постапи морално и да се извини, иако тоа не го направи намерно.“ – вели Бразилецот кој неодамна стави крај на професионалното играње фудбал.