Сан Антонио ја совлада Минесота со 139:109 во шестиот натпревар од серијата во Минеаполис и со вкупни 4-2 се пласира во финалето на Западната конференција, каде за противник ќе ја има Оклахома.
Стефон Касл ги предводеше Спарси со 32 поени и 11 скока, потврдувајќи уште една доминантна партија на бековската линија на тимот од Тексас. Де’Арон Фокс додаде 21 поен и девет асистенции, додека дебитантот Дилан Харпер постигна 15 поени од клупата.
Виктор Вембанјама овојпат имаше поскромен учинок од 19 поени за 27 минути, но остана важен фактор во заштитата на рекетот и транзицијата на Спарс.
Сан Антонио во понеделник ќе го игра првиот натпревар од финалето на Западната конференција против актуелниот шампион Оклахома, кој своите први две плејоф серии ги заврши без пораз.
Детроит го победи Кливленд на гостински терен со 115:94 и ја израмни полуфиналната плејоф серија во Источната конференција на 3-3, па патникот во конференциското финале ќе биде решен во седмиот натпревар.
Кејд Канингем го предводеше Детроит со 21 поен, вклучувајќи пет погодени тројки, додека Џејлен Дурен и Данис Џенкинс додадоа по 15 поени. Дурен натпреварот го заврши и со 11 скока, а значаен придонес од клупата даде и Данкан Робинсон, кој се врати по повреда на долниот дел од грбот и постигна 14 поени со четири тројки.
За Кливленд, Џејмс Харден постигна 23 поени, а Донован Мичел и Еван Мобли додадоа по 18.
Решавачкиот седми натпревар ќе се игра во недела во Детроит.

