Фудбалерите слетаа во Скопје, сите сакаат фотографија со иконата Пандев (фото+видео)

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Скопје по чартер-летот од Амстердам, откако за нашите херои заврши историскиот настап на Европското првенство.

Вработените на скопскиот ареодром веднаш се наредија да се фотографираат со капитенот Горан Пандев, кој вчера го одигра последниот натпревар во националниот дрес.

Во меѓувреме е најавено дека АМС (Агенцијата за млади и спорт на Македонија) организира превоз за достоен пречек на фудбалерите од аеродромот. Директорот Наумче Мојсовски, како и Перо Антиќ, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, веќе се таму да ги пречекаат нашите херои.

 

 

- Оглас -

Најнови вести