Фудбалерот кој го напушти карантинот и помина 3.000 километри за да се врати дома, казнет со 60.000 евра

Селта Виго му изрече казна од 60.000 евра на Пионе Систо, што е клупски рекорд, за прекршување на карантинот во време на пандемијата со корона-вирусот. Данскиот репрезентативец на крајот од март реши да се врати дома и да не седи во Шпанија додека владееше хаосот со Ковид-19, па со автомобил патуваше 3.000 километри и по 27 часа стигна на посакуваната дестинација.

Иако се извини, од клубот не му простија за непочитување на правилата и парично го казнија, а шпанските медиуми претходно тврдеа дека е можно Селта да го тужи Систо за инцидентот.

Систо не беше единствениот член на Селта кој го напушти карантинот без дозвола, Федор Смолов исто така го чека казна. Русинот во април се вратил во Москва за да биде покрај вереницата за прославата на полнолетство, а заминал со приватен авион.

 

- Оглас -

Најнови вести