Бегствата од Виго се најинтересни: Го напушти карантинот за да прослави полнолетство на вереницата

Претходно пишувавме за крилото на Селта Виго, Пионе Систо, кој без дозвола ја напуштил Шпанија и со автомобил поминал речиси 3.0000 километри за 27 часа со цел да се врати дома во Данска. Систо сакал што побрзо да избега од втората најпогодена земја во Европа од Коронавирусот, а од Виго сега произлезе нова вест за интересно бегство.

Имено, напаѓачот Федор Смолов, исто така без дозвола од клубот, ја напуштил Шпанија и се вратил во родната Русија за да биде покрај вереницата која славела полнолетство. Триесетгодишниот репрезентативец на Зборнаја е познат заводник, изнајмил приватен авион за да се врати дома, а интересно е што вереница му е Марија Јумашева, внуката на поранешниот претседател на Русија, Борис Елцин.

Смолов, како и Систо, го чека казна од клубот кога ќе се врати во Виго.

- Оглас -

Најнови вести